Билетите за отворањето на 54. издание на Мајски оперски вечери, кое ќе се одржи на 9 мај, со премиера на оперите „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ на Џакомо Пучини, предизвикаа огромен интерес и се распродадоа во рекордна брзина за само 30 минути.

Овој резултат уште еднаш ја потврдува позицијата на фестивалот како еден од најзначајните културни настани во земјата и во регионот. Но, ова е само почеток. Годинашното издание носи репертоар што ја поврзува традицијата со современата уметничка визија.

Од драматичната моќ на „Риголето“, преку интензитетот на „Тоска“, до длабоката емоција на „Мадам Батерфлај“, потоа елеганцијата и трагедијата во „Травијата“, и завршувајќи со спектакуларното финале „Набуко“, секоја вечер е дел од внимателно креирана приказна што ќе го заокружи месец мај.

Публиката веќе покажа дека знае да препознае квалитет. Брзата распродажба на отворањето е јасен сигнал дека интересот за останатите претстави ќе продолжи со исто темпо.

ИЗДВОЕНИ