петок, ноември 27, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Речиси половина од БДП е создаден во Скопскиот Регион

Речиси половина од БДП е создаден во Скопскиот Регион

0

Бруто домашниот производ (БДП) на Македонија минатата година изнесувал 1.105.239 милиони денари, односно 17,97 милијарди евра, објави Државниот завод за статистика. Пресметано по жител, БДП изнесувал 607.104 денари или 9.855 евра.

Речиси половина од вкупниот БДП, односно 47,1 отсто, бил создаден во Скопскиот Регион, додека најмало учество имал Североисточниот Регион, со 4,4 отсто. Сепак, најголем годишен раст на БДП не е забележан во Скопје, туку во Југозападниот Регион, каде што изнесувал 11 отсто.

Скопскиот Регион остварил и највисок БДП по жител, од 13.890 евра, што е значително над државниот просек. Над просекот бил и Југоисточниот Регион, со БДП по жител од 10.162 евра. Другите региони оствариле понизок БДП по жител од просечниот на национално ниво.

Слична концентрација е забележана и кај бруто-инвестициите. Според податоците на Државниот завод за статистика, 45,2 отсто од вкупните бруто-инвестиции биле реализирани во Скопскиот Регион.

Сепак, кога станува збор за годишниот раст на инвестициите во споредба со 2024 година, најголем пораст е регистриран во Полошкиот Регион, каде што се зголемиле бруто-инвестициите за 39,9 отсто.

ИЗДВОЕНИ