вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ Реакција на Трамп за ставовите на германскиот канцелар за војната во Иран:...

Реакција на Трамп за ставовите на германскиот канцелар за војната во Иран: Мерц нема поим

196
EPA/SAMUEL CORUM / POOL

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека германскиот канцелар Фридрих Мерц  „не знае за што зборува“ кога ги изразува своите ставови за војната против Иран.

„Германскиот канцелар Фридрих Мерц мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје. Тој не знае за што зборува! Ако Иран имаше нуклеарно оружје, целиот свет ќе беше заложник“, рече Трамп во објава на неговата платформа „Трут соушал“ (Truth Social). Трамп истакна дека во моментов „прави нешто со Иран што другите нации, или претседатели, требаше да го направат одамна“.

„Не е ни чудо што Германија е во толку лоша позиција, и економски и на кој било друг начин“, заклучи Трамп во објавата. Германскиот канцелар во понеделник изјави дека не гледа каква стратегија имаат САД за излез од војната со Иран. Мерц оцени дека целата американска нација била понижена од иранското раководство, а особено од Иранската револуционерна гарда, објави „Ројтерс“.

Соединетите Американски Држави започнаа, заедно со Израел, воздушни напади врз Иран на 28 февруари, откако разговорите за нуклеарната програма на Иран не доведоа до договор. Во конфликтот, во кој САД не ги поддржаа другите земји-членки на НАТО, прекинот на огнот стапи на сила на 8 април.

 

ИЗДВОЕНИ