Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера повторно го предупреди туристичкиот сектор на седницата на Советот за управување со развојот на туризмот да постави поразумни цени оваа година.
„Тоа би била најголемата придобивка за нас, а секако и за секторот и за растот на хрватската економија воопшто. Желбата е сите заедно да ви оди добро, но ние да имаме корист од тоа како држава, како економија и како општество, и да знаеме дека испративме важни пораки на време“, рече Пленковиќ во својот воведен говор, пренесува Танјуг.
Владата претходно предупреди дека со зголемувањето на цените на енергијата – туристичките услуги не треба да поскапуваат за да може Хрватска да остане конкурентна.












