недела, јуни 28, 2026
Дома СВЕТ Трамп очекува „бело знаме“ од Иран

Трамп очекува „бело знаме“ од Иран

42
EPA/KEN CEDENO / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранската војска повеќе не е способна да води војна и рече дека Техеран „треба да го крене белото знаме за предавање“, но е премногу горд за да го стори тоа.

Трамп им рече на новинарите во Овалната соба дека иранската војска е сведена на пукање „ќорци“ и дека Техеран тајно сака да склучи договор иако јавно го тресе своето оружје.

– Тие играат игри, но ќе ви кажам нешто: тие сакаат да склучат договор. А кој не би сакал кога вашата војска е уништена?, праша тој реторички.

Претседателот на САД беше полн со пофалби за блокадата на иранските пристаништа во регионот од страна на САД.

– Тоа е практично како челик. Никој дури и нема да се обиде да ја пробие блокадата. Мислам дека функционира многу добро, рече тој.

Кога го прашаа што би требало да направи Иран за да се смета за прекршување на прекинот на огнот, Трамп одговори: „Ќе знаете затоа што ќе ви кажам… И тие знаат што не им е дозволено да прават“.

Трамп, исто така, додаде дека Иран „треба да има при рака бело знаме на предавање“.

– Ако ова беше борба, тие веќе ќе се предадеа, заклучи американскиот претседател пред новинарите во Овалната соба.

ИЗДВОЕНИ