video screenshot X

Двајца мажи се уапсени откако биле снимени како се спуштаат во канализацијата со уште четворицаа, а тие ѝ откриле на полицијата што барале таму долу. Со месеци, нешто необично го привлекувало вниманието на жителите на Њујорк – луѓе кои се појавувале кај шахтите среде ноќ, ги кревале тешките капаци, а потоа исчезнувале низ улиците.

Некои веќе ги нарекувале „луѓе-кртови“, а поради начинот на кој се движеле низ подземјето, го добиле и прекарот „Нинџа желки“.

Мистеријата сега доби нов тек откако полицијата во Квинс ги уапси Семјуел Реверон и Кевин Родригез. Според полицијата, двајцата мажи биле снимени како влегуваат во канализацискиот систем заедно со уште четири лица, чиј идентитет сè уште не е утврден.

Полицијата ги лоцирала благодарение на видеоснимките на кои биле забележани нивните необични движења.

Реверон и Родригез биле обвинети за неовластен пристап, но прашањето што точно правеле под улиците на Њујорк привлекло многу поголемо внимание кај јавноста.

А потоа следело објаснување што многумина ги изненадило.

Според полицијата, по апсењето, Реверон изјавил дека тој и неговите придружници влегувале во канализацискиот систем за да бараат вредни предмети што заглавуваат во одводите и подземните канали.

„Влегуваме во канализацијата и бараме вредни предмети што заглавуваат во одводите и канализацискиот систем – злато, сè што има вредност“, наводно им рекол тој на полицајците.

Неговите зборови фрлија ново светло врз мистеријата што во текот на летото ги интригираше бројните Њујорчани.

Приказната за луѓе кои живеат или поминуваат значително време под улиците на еден од најголемите светски градови со години кружи низ Њујорк. Огромната подземна инфраструктура – тунели, канализациски системи и други простори под градските улици – често е предмет на приказни и урбани легенди.

Сепак, овој пат не станува збор само за урбана легенда. Полицијата навистина забележала луѓе како се спуштаат во подземјето, а двајца од нив сега се уапсени.

Сепак, останува прашањето што сè можеле да пронајдат во мрачните њујоршки канализации и колку долго оваа необична група заиста го користела подземјето.

Полицијата ја продолжува истрагата, а сè уште се трага по четирите лица кои, според снимките, биле заедно со уапсените.

ИЗДВОЕНИ