четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Разорен земјотрес од 7,4 степени ја погоди Индонезија: Снимен моментот на потресот/ВИДЕО

Разорен земјотрес од 7,4 степени ја погоди Индонезија: Снимен моментот на потресот/ВИДЕО

87
Фото: screenshot X

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени го погоди северното Молучко Море покрај брегот на Индонезија во четврток, а издадено е и предупредување за цунами, соопшти Американскиот геолошки завод.

Застрашувачки снимки од разорниот земјотрес, во кој загина 70-годишна жена, се споделуваат на социјалните мрежи. Силата на потресите јасно се гледа на видео снимено од пристаништето, на кое се гледа како светилка се ниша додека земјата се тресе.

Постарите жители велат дека тоа бил еден од најдолгите земјотреси што ги почувствувале во областа, при што земјата се тресела три минути. Издадено е предупредување за цунами за радиус од 1.000 километри.

ИЗДВОЕНИ