петок, јули 10, 2026
Дома СВЕТ Рамковниот договор им дава на САД и Иран 60 дена да се...

Рамковниот договор им дава на САД и Иран 60 дена да се договорат за конечните точки

109
Фото: EPA/SHAHZAIB AKBER

Рамковниот договор меѓу САД и Иран предвидува рок од 60 дена за постигнување на конечните точки од договорот, објави „Си-ен-ен“, повикувајќи се на неименуван висок функционер во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според изворот, потенцијалниот договор предвидува Иран да не поседува нуклеарно оружје и да се откаже од своите залихи збогатен ураниум, но начинот на кој ќе бидат преземени залихите ќе биде една од темите на следната фаза од преговорите.

Тој додаде дека рамковниот договор предвидува и отворање на Ормутскиот теснец, така што ќе биде „деминиран“ и погоден за пловидба, но не прецизираше според кој модел ќе функционира теснецот во иднина.

„Важен дел од рамковниот договор предвидува дека ако Иран не ги исполни своите обврски, нема да добие ништо. Ако нема ураниум, нема да има пари. Со повторното отворање на теснецот, (американската) блокада ќе биде пропорционално олесната“, рече тој.

Претходно, „Ал Џезира“ објави дека САД повторно разгледуваат две централни прашања во преговорите со Иран – механизам за одмрзнување на иранските средства и обемот на прекин на огнот во Либан.

Изворот рече дека Техеран ги информирал медијаторите дека нема да потпише таков договор, додавајќи дека Иран има впечаток дека Вашингтон се повлекува од претходните меѓусебни договори.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД се стремат кон „добар и поволен договор“ со Иран.

Тој оцени дека преговорите со Иран за нуклеарната програма се одвиваат „уредно и конструктивно“ и рече дека нема да има брзање за постигнување договор, додавајќи дека времето е на страната на Вашингтон.

„Преговорите се одвиваат на уреден и конструктивен начин и им наложив на моите претставници да не брзаат, бидејќи времето е на наша страна“, рече Трамп.

 

ИЗДВОЕНИ