Шест лица загинаа, меѓу кои и деца, а 15 беа ранети во руски напад врз регионот Харков, во југоисточна Украина, изјави началникот на Воената администрација на Харков, Олег Синегубов.
Во регионот Харков, Русија го нападна градот Харков и 17 населби во околниот регион во текот на изминатиот ден, при што беа ранети 11 лица, рече Синегубов.
– Дронот го погоди централниот парк на градот додека таму беа многу луѓе, вклучувајќи семејства со деца, рече министерот за внатрешни работи Иван Вихивски.
Меѓу загинатите има бебе во количка и две жени, додаде министерот, нагласувајќи дека нападот немал воена цел.
Нападот се случил околу 16:30 часот по локално време, а според прелиминарните наоди, руските сили користеле дрон Геран-3 за нападот.
„Ова не може да се третира како уште една вест. Светот не смее да се навикне на убивањето украински деца и цивили“, изјави украинскиот омбудсман за човекови права Дмитро Лубинец на Телеграм.
Обвинителите започнаа прелиминарна истрага за можно воено злосторство.
Фотографиите може да ги погледнете на линкот












