
Францускиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, Адриен Рабио, експресно ја одбил богатата понуда која пристигнала од Саудиска Арабија, открија фудбалските медиуми на Апенинскиот полуостров. Истите извори додаваат дека на искусниот играч за врска му била понудена дупло поголема плата од таа која ја заработува на „Сан Сиро“, но Рабио ги информирал дека не сака да си замине од Милано.











