Рускиот претседател Владимир Путин го поддржа предлогот на писателот Захар Прилепин за создавање алтернативна меѓународна награда за книжевност, која, ккао што наведе не е подложна на политичка пристрасност.
Тој рече дека ќе издаде соодветна директива до руското Министерство за надворешни работи, пренесе „Танјуг“.
„Тоа е добеа идеја. Талентираните луѓе кои постигнуваат невероајтни резултати и ги претставуваат на нашата земја и на светската читателска публика би требало да имаат алтернативи. Мораме да го оствариме ова и, секако, ќе работиме на тоа. Исто така директно ќе соработувам со своите колеги и ќе дадам упатства до Министерството за надворешни работи во согласност со тоа“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Заседавачкиот совет за култура, пренесува ТАСС.
Прилепин ја нарече „Нобеловата награда за литература“ „постколонијална“ и рече дека таа одамна почна да се користи како политичко средство.
Тој смета дека руската национална книжевна награда „Збор“, која постои од 2024 година, би можела да послужи како прототип за нова награда.
Како што наведе, таква награда би вовела елемент на „разумна игра“ во глобаната култура и книжевност.
Прилепин ја освои „Националната книжевна награда „Збор“ во категоријата „проза“ за својот историски роман „Магла“.












