Првото издание на Флудо – фестивал за еко култура и креативен активизам ќе се одржи од 24 до 26 септември во Сули – ан во Скопје.

Пред пет години, Еко – свест, кој е организатор на фестивалот, започнал со специфичен комуникациски пристап што ги надминува традиционалните модели на информирање. Наместо еколошките теми еднострано да се пренесуваат до јавноста, Еко – свест започнал да гради долгорочни партнерства со независни културни центри, фестивали и уметници, со цел знаењето за животната средина да стане дел од нивната работа и да стигне до поширок круг луѓе.

Веруваме дека културата има моќ да отвора прашања, да создаде нови перспективи и да придонесе кон градењето на наративот за животната средина. Во изминатите пет години, преку овие соработки, еколошките теми станаа дел од различни фестивали, репертоари, работилници и уметнички продукции. Паралелно, преку едукативната програма се работи со деца од основните и средните училишта, како и со студенти од уметничките факултети, со цел новите генерации да ги истражуваат прашањата за животната средина преку образование и креативност, рече Ѓорѓи Митревски, програмски координатор во Еко – свест.

Флудо се појавува како простор каде што уметноста, образованието, активизмот и граѓаните се среќаваат околу прашањата за животната средина, тој не е замислен како само културен настан, туку како простор за сите што сметаат дека уметноста и културата може и треба да дејствуваат во заеднички фронт со екоактивизмот. Програмата на првото издание носи различни уметнички и едукативни формати. Во фокусот е заштитата на реките, преку изложба која ќе ја конципираат самите учесници, со естетска и едукативна компонента.

На годинашново прво издание на фестивалот ќе се одржат работилници за стоп анимација, театар на сенки, циајнотипија сито печат и креативно рециклирање. Посетителите ќе можат да ја проследат и Еко трампа, настан посветен на циркуларната економија, како и проекции на кратки документарни филмови кои обработуваат различни еколошки теми, меѓу кои и филм посветен на изворот Рашче. Музичкиот дел од програмата носи соработка меѓу визуелниот уметник Владимир Лукаш, композиторот Ѓорѓи Шаревски и диригентот Џијан Емин, а ќе настапат и Хана Корнети, младата Јована Ристеска, ќе настапи ди џеј Шурбе, а последната вечер ќе се одржи и концертот TRANSMISSION со Александар Петров и Томи АнчовВо сабота ќе биде претставена и поставка со дела создадени на работилниците за креативни медиуми, а во рамки на програмата ќе се одржи и разговорот Мојот пат“, модериран од писателката Румена Бужаровска, која живее и создава во Маврово. Во Флудо учествуваат и луѓе со долгогодишно искуство во културата, уметноста, медиумите и активизмот, меѓу кои и ликовниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ, од КСПЦентар – Јадро“, како и Сандра Јосифовиќ од Сараево со долгогодишно новинарско и активистичко искуство во поврзувањето на културата и екоактивизмот.

Името на фестивалот е инспирирано од водата и реката – како симбол на движење, поврзување и трансформација. Идејата се развиваше низ повеќегодишната работа со уметнички колективи и едукативни програми, особено на теми поврзани со заштитата на реките.

ФЛУДО го замислуваме како дух на водата и симболичен заштитник на реките – платформа која ќе продолжи да ги поврзува уметниците, организациите, активистите и граѓаните во создавањето на нови приказни за животната средина“, додаде МитревскиАвторка на визуелниот идентитет на фестивалот е авторката Марија Трајаноска.

ИЗДВОЕНИ