вторник, септември 15, 2026
Дома СВЕТ Рускиот амбасадор повикан на разговор: Руска фрегата испука две сигнални ракети кон...

Рускиот амбасадор повикан на разговор: Руска фрегата испука две сигнални ракети кон дански воен хеликоптер и за влакно го промаши

0
EPA/ABIR SULTAN -- BEST QUALITY AVAILABLE

Руска фрегата испука две сигнални ракети кон дански воен хеликоптер во меѓународни води крај брегот на Данска, за влакно промашувајќи го леталото, соопштија вооружените сили на оваа нордиска земја-членка на НАТО.

Хеликоптерот бил на рутинска мисија за фотографирање на руската фрегата, наведе Данската команда за одбрана, а пренесе Ројтерс.

Сигналните ракети се пиротехнички средства кои вообичаено се користат на море како сигнал за предупредување, се додава во соопштението.

Данска ќе го повика рускиот амбасадор во Копенхаген на средба во врска со инцидентот, изјави данскиот министер за одбрана, Јепе Брус за ТВ2.

Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, упати критики кон Русија. Тој на платформата „Икс“ (X) напиша дека таквото однесување е неприфатливо и дека рускиот амбасадор е повикан на разговор во врска со инцидентот.

Премиерката Мете Фредериксен изјави дека инцидентот е сериозен, но не и изненадувачки, бидејќи Русија ја интензивира својата „хибридна кампања“ против Европската Унија и НАТО.

„Русија сака да сее страв и раздор. Нашиот одговор е поцврсто да се обединиме и да ја зајакнеме одбраната на Данска и на Европа“, рече Фредериксен.

Руска фрегата испукала две сигнални ракети кои за малку го промашиле данскиот хеликоптер што извршувал рутинска мисија за фотографирање, соопшти во понеделникот Данската команда за одбрана.

Сигналните ракети се пиротехнички средства кои вообичаено се користат на море како сигнал за предупредување.

ИЗДВОЕНИ