Пеесетина граѓани денеска протестираа пред Собранието во центарот на Скопје, изразувајќи незадоволство од постапувањето на Управата за јавни приходи (УЈП) во врска со оданочувањето на приходите остварени во странство.
„Бараме одговор УЈП“, барајќи појаснување и решение за, како што велат, спорните барања од институцијата е само еден од транспарентите на граѓаните кои протестираа.
Фото: П. Стојановски

Протестот предизвика и сообраќаен метеж во централното градско подрачје.

Ова не е прв протест поврзан со оданочувањето на приходите од странство, прашање што веќе извесен период предизвикува реакции кај дел од граѓаните.












