петок, август 14, 2026
Дома БАЛКАН Пронајдено тело по пожарот во Омиш, 40 повредени лица се лекуваат во...

Пронајдено тело по пожарот во Омиш, 40 повредени лица се лекуваат во Сплитската клиничка болница

0
Фото:википедија

Полицијата денес околу 13:30 часот пронашла тело на едно лице, за време на увид на подрачјето зафатено од пожарот во Омиш, соопшти Сплитско-далматинската полиција, јавува Н1 Загреб.

На местото каде што е пронајдено телото ќе се спроведе истрага на лице место, предводена од надлежниот државен обвинител со помош на полицијата, пренесува Н1 Загреб.

Засега не се објавени информации за идентитетот на починатиот или околностите на смртта. Повеќе детали треба да бидат познати по истрагата на лице место.

Инаку, вкупно 40 пациенти повредени во пожарот во Омиш беа лекувани во сплитската болница ноќта во четврток и во петок, од кои 14 беа хоспитализирани, а седум од нив се на респиратор – шест возрасни и еден малолетник на возраст од 17 години, беше кажано на прес-конференција.

Меѓу повредените има и тешко повредени со изгореници и повреди од инхалација, а некои од пациентите се на респиратор.

Девојката (17), која беше тешко повредена, засега не е во животно-загрозувачка состојба, објавува хрватски „Индекс“

Заменик-директорот на Сплитската клиничка болница, д-р Марко Јукиќ, изјави дека дежурствата се зголемени преку ноќ и дека на работа се повикани и лекари кои биле на одмор или надвор од должност.

ИЗДВОЕНИ