Игор Којиќ, синот на популарниот балкански фолк-пејач Драган Којиќ-Кеба, постојано го привлекува вниманието и на публиката и на новинарите. Иако одамна го раскина бракот со мегапопуларната Северина, синот на Кеба не изгуби ништо од својата популарност. Тоа на сите им е премногу чудно бидејќи Игор не е пејач, туку поранешен (голман) фудбалер, со просечна кариера. „Малиот Кеба“, како што го викаат нагалено, привлече уште поголема заинтересираност кога неодамна јавно се појави со бремената девојка Николина Шапоња. Јасно е дека наскоро тој ќе стане татко, на што и Северина искрено му честиташе. Тие двајцата останаа пријатели, без разлика на тоа што веќе не контактираат.

Игор и неговата згодна Николина позираа заедно пред присутните фотографи на приватната забава на која дојдоа на еден сплав во Белград, истакнувајќи го своето одлично расположение. Ова е посебен период за целото семејство Којиќ, бидејќи тато Драган станува дедо. Игор со задоволство зборуваше за тоа како реагирал неговиот татко кога дознал дека ќе стане среќен дедичко. На никој од нив не им е важно дали бебето ќе биде момче или девојче. Само да е живо, здраво и ментално нормално.

– Ова е сигурно шега со некоја скриена камера, раскажа насмеаниот Кеба. Но, ако е вистина дека мојот син Игор станува татко, тогаш не постои терезија која би можела да ја измери тежината на радоста! Никој на светот освен мене и сопругата, не е посреќен од нас, идните баба и дедо, вели пејачот Кеба.

(Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ