понеделник, октомври 12, 2026
Дома СКОПСКА Продолжува најмасовната акција за чистење на Скопје

Продолжува најмасовната акција за чистење на Скопје

22

В среда, во 11:00 часот продолжува најмасовната акција за чистење на Скопје. Во акцијата за чистење на Скопје повторно ќе се вклучат општините, градоначалниците, учениците и сите граѓани што сакаат да вложат дел од своето време за заедничко добро.

Од Град Скопје информираат дека повторно ќе бидат вклучени илјадници волонтери, во сите скопски општини, а ќе се чисти на повеќе од 50 локации – паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу зградите.

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски ги повика граѓаните да се се придружат во акцијата.

-Повикајте ги соседите, пријателите и колегите. Да се собереме таму каде што секојдневно живееме, се движиме и ги создаваме спомените. Да се погрижиме за местата каде што играат нашите деца и да им покажеме што значи да се биде одговорен кон својот град. Затоа што секое дете што ќе види возрасен како се грижи за околината, добива пример што вреди повеќе од илјада изговорени зборови. Како што најавивме, овие акции ќе се одржуваат двапати месечно. Ќе бидеме упорни, ќе се собираме повторно и ќе градиме традиција на заедништво и одговорност. А вистинскиот успех ќе биде кога грижата за чистотата ќе продолжи и меѓу две акции, секој ден, во секое маало. На неодговорноста ќе одговориме со личен пример. На секое несовесно фрлање отпад ќе му се спротивставиме со свест, истрајност и илјадници луѓе решени да го чуваат својот град. Но, и со одговорност. Верувам во скопјани. Во нашата солидарност, во нашата енергија и во решителноста да направиме нешто добро што ќе остане и по нас. Во среда, да ги засукаме ракавите и да покажеме колку силно може да биде Скопје кога неговите луѓе ќе се обединат. За чисти маала, за здрави деца, за град на кој ќе бидеме горди. Да оставиме пример, не ѓубре! – истакна Ѓорѓиевски.

За точните локации и начинот на приклучување, информирајте се во вашата општина.

 

 

ИЗДВОЕНИ