Потпишаниот, но и подарен дрес во кој најдобриот велосипедист на денешницата, Тадеј Погачар, ја освои годинашната трка Милано – Санремо, одржана на 21 март, беше продаден за рекордни 95.100 евра, објави веб-страницата „domestiquecycling.com“. Целата сума ќе биде донирана во добротворни цели.

Актуелниот светски шампион, Погачар, падна 32 километри пред целта, но со помош на своите тимски колеги брзо се врати во водство и успеа да слави. По трката, неговиот скинат дрес беше потпишан од сите негови колеги и испратен на аукција. Почетната цена беше 1.000 евра, но на крајот продажната цена достигна дури 95.100 евра, што е највисока сума досега дадена за дрес за велосипедизам.

Целиот износ ќе ѝ биде дониран на хуманитарната фондација на Погачар, која се грижи за младите спортисти и за децата што страдаат од тешки болести.

ИЗДВОЕНИ