Дресот што го носеше Мајкл Џордан во финалето на НБА-лигата во 1998 година е продаден за неверојатни 14 милиони долари. Станува збор за потпишан дрес од вториот натпревар против Јута џез, кога ја израмни Чикаго булс серијата на 1:1.

Дресот го купи инвеститорот во недвижности Рон Фирман од Мајами, а продажбата го вброи меѓу највредните спортски сувенири во историјата.

Сезоната 1997/1998 беше последната шампионска сезона на Џордан со Чикаго булс, која подоцна беше овековечена во документарецот „Последниот танц“. Булс ја освои шестата титула, а Џордан го постигна легендарниот победнички кош на решавачкиот шести натпревар против Јута.

Сепак, неговиот дрес не е најскапо продадениот во историјата. Рекордот го држи дресот на бејзбол-легендата Бејб Рут, продаден за 24,12 милиони долари, во 2024 година.

ИЗДВОЕНИ