вторник, октомври 13, 2026
Дома СВЕТ Песков: Москва не знае ништо за мировниот план на ЕУ и САД...

Песков: Москва не знае ништо за мировниот план на ЕУ и САД за кој пишува Вашингтон пост

79
EPA/ALEXANDER KAZAKOV

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва не знае ништо за наводниот мировен план на ЕУ и Соединетите Американски Држави за Украина, за кој пишуваше „Вашингтон пост“.

„Кремљ ја прочита статијата во ’Вашингтон пост‘ за наводниот мировен план за Украина подготвен од САД и Европа. Меѓутоа, Москва не знае ништо за самиот план“, изјави Песков на прес-конференција, пренесе ТАСС.

Говорејќи за контактите во врска со енергетскиот прекин на огнот меѓу Русија и Украина, Песков рече дека нема нови информации во врска со тоа и дека Москва продолжува да разговара за тоа прашање.

„Вашингтон пост“ објави, повикувајќи се на извори, дека САД и Европа подготвуваат заеднички мировен предлог за решавање на конфликтот во Украина, кој вклучува обнова на земјата, безбедносни гаранции за Москва и Киев, енергетски договор и прекин на огнот на актуелната линија на фронтот.

Според наводите на вестот, планот треба да обезбеди финансиски и безбедносни придобивки за Русија и Украина, како и да создаде основа за решавање на територијалните спорови. Четвртата точка предвидува прекин на огнот долж сегашната линија на фронтот.

Според пишувањето на „Вашингтон пост“, поттик за изработка на новиот план произлегол од средбата меѓу американските, европските и украинските преговарачи на Флорида.

ИЗДВОЕНИ