вторник, октомври 13, 2026
Дома СВЕТ Висок руски функционер со остри пораки: Алијансата се подготвува за вооружен конфликт...

Висок руски функционер со остри пораки: Алијансата се подготвува за вооружен конфликт со Русија

70
EPA/VALDA KALNINA

Заменик-рускиот министер за надворешни работи, Александар Грушко, изјави дека НАТО се подготвува за оружен судир со Русија и истакна дека предупредувањето од Москва дека е неприфатливо подигањето на тензиите околу Калининградската област претставува превентивен сигнал до Алијансата „да не ја премине ивицата на провалијата“.

„Нашето предупредување е токму предупредување. Тоа е превентивен сигнал за НАТО да се освести и да не ја премине ивицата на провалијата, особено имајќи ги предвид практичните подготовки за оружени акции против нашата земја“, изјави Грушко во интервју за „Интерфакс“.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претходно изјави дека Русија ѝ испратила порака на Алијансата во која изразила загриженост поради активностите на НАТО поврзани со Калининградската област.

ИЗДВОЕНИ