Скопјанка преку социјалните мрежи сподели вознемирувачко сведоштво за случај на насилство врз жена што, според неа, се случил среде бел ден во Скопје.
Таа наведува дека насилник брутално ја тепал и давел жената, а нејзината ќерка се обидела да интервенира и да и помогне.
„Мојата ќерка се обидела да и помогне на жената и го замолила да престане да ја малтретира. Со него имало уште еден маж, кој и рекол: ‘Не се мешај, маж ѝ е, што сака нека ѝ прави’“, напиша Александра.
Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ потврдиле дека случајот е пријавен.
„Денеска околу 11:30 часот во СВР Скопје од страна на лице од Велес, такси возач, пријавено е дека додека превезувал две лица на подрачјето на Скопје, машкото лице вербално и физички ја нападнало жената, најверојатно негова сопруга“, велат од МВР.












