петок, јули 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА При претрес во Скопје се пронајдени пет килограми марихуана – две лица...

При претрес во Скопје се пронајдени пет килограми марихуана – две лица се лишени од слобода

0
Фото:МВР, ФБ

Пет килограм марихуана се пронајдени денеска при претрес на дом во Скопје, а две лица се лишени од слобода, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.

Денеска (24.07.2026) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по Наредба од Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај С.Љ.(51) од Скопје, стои во полициското соопштение.

При претресот пронајдени се пет килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.
С.Љ. и неговиот син Б.Љ.(19) се лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против истите ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик по итна постапка, информираат од МВР.

ИЗДВОЕНИ