понеделник, февруари 16, 2026
Дома LIFE При контрола на угостителски објект во тетовско, полициски службеници привеле девет странски...

При контрола на угостителски објект во тетовско, полициски службеници привеле девет странски државјанки

81
Девет странски државјанки биле приведени при контрола на угостителски објект на регионалниот пат Тетово – Желино, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени девет странски државјанки, од 21 до 38-годишна возраст, од Франција, Србија, Украина, Колумбија и од Бразил, се појаснува во соопштението на МВР.

Странските државјанки биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

ИЗДВОЕНИ