петок, септември 18, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Цената на пивото на „Октоберфест“ е пет пати повисока отколку пред 40...

Цената на пивото на „Октоберфест“ е пет пати повисока отколку пред 40 години – традиционална кригла пиво 15,6 евра годинава

68

Цената на пивото на познатиот Октоберфест во Минхен оваа година е пет пати повисока во споредба со цената од 1985 година, изјави Андреас Рис, претставник на „Уникредит банка“ (UniCredit Bank) во Германија.

Цената на пивото отсекогаш била тема на дискусија бидејќи драстично пораснала во текот на изминатите неколку години, пренесува германската новинска агенција ДПА (DPA).

Оваа година, посетителите ќе треба да платат 15,61 евро за традиционална кригла пиво, што претставува зголемување од 2,4 отсто во споредба со минатата година.

Минхенскиот „Октоберфест“ – кој важи за еден од најголемите фестивали на пивото во светот – треба да започне во сабота, 19 септември, кога градоначалникот на баварскиот град, Доминик Краузе, ќе го отвори првото буре, пренесува „Срна“.

Се очекува познатиот фестивал и оваа година да привлече милиони посетители од целиот свет.

ИЗДВОЕНИ