четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Претседателот на Украина објави: Венецијанската комисија итно го истражува обидот за мое...

Претседателот на Украина објави: Венецијанската комисија итно го истражува обидот за мое разрешување, тоа може да предизвика „уставна криза“

0
Фото: EPA/ROBERT HEGEDUS HUNGARY OUT

Унгарскиот претседател Тамаш Суљок денес изјави дека Венецијанската комисија спроведува итна постапка за истрага на обидот за разрешување на него и другите раководители на независни уставни институции, објави „Телекс“.

Тој на социјалната мрежа „Фејсбук“ изјави дека ова може да предизвика „уставна криза“ и во исто време да претставува закана за основните уставни принципи.

Понатаму се наведува дека „експертите од советодавното тело на Советот на Европа за уставно право се подготвени да патуваат во Унгарија за целосно да се запознаат со ситуацијата. Консултациите ќе започнат без одложување“.

Партијата „Тиса“ освои убедливо двотретинско мнозинство на 12 април, а Петер Маѓар повика на оставка на неколку државни функционери во изборната ноќ.

Тој му даде на Суљок рок до 31 мај да поднесе оставка, но претседателот на Републиката одлучи да не го стори тоа.

Следниот ден, премиерот лично го посети Суљок, по што изјави дека, користејќи го своето двотретинско мнозинство, ќе го измени Уставот со цел „да се врати владеењето на правото во Унгарија“.

ИЗДВОЕНИ