Пред нас е една од најстудените зими?! Главниот удар во јануари и февруари

548

Срспскиот метеоролог Иван Ристиќ прогнозира каква ќе биде претстојната зима на Балканот, како и дали ќе се израдуваме на поголема количина снег пред Нова година.

„Главното влијание на зимата ќе биде во јануари и февруари, зимата ќе биде пролонгирана. На крајот на февруари, на почетокот на март, доаѓа пролетта. Ова ќе биде најстудената зима во последните 10 години“, вели метеорологот.

Според прогнозите, снег ќе падне пред Нова година.

„Во првата половина на декември температурите ќе се движат од три до осум степени. Утринските помеѓу минус два и минус три. Од 9 до 16 декември, односно во втората недела ќе има врнежи, па на места во пониските предели се очекуваат лапавица и снег. На планините ќе има зголемување на снежната покривка, и ќе започне вистинската зима“ – вели Ристиќ.

Вели дека меѓу 16 декември до 23 декември малку ќе се стабилизира времето.

„Можеби ќе биде за нијанса потопло. Пред Нова Година очекуваме нов студ и врнежи од снег, околу 28-29 декември ќе врне снег, можеби и за Нова година ќе има врнежи од снег“, заклучува метеорологот.