четврток, јуни 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пожарот во Штип е изгаснат

Пожарот во Штип е изгаснат

0
Фото: принтскрин, видео ТВ Стар, Штип

Пожарот што вчера изби над Штип е изгаснат по интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип со 20 пожарникари и четири противпожарни возила, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Штип со 10 лица и четири возила, како и екипи од Кочани со две возила и шестмина пожарникари и од Свети Николе со една екипа.

Пожарот избувна вчера попладне откако гром запалил сува трева и грмушки, по што поради силниот ветер брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак и се доближи до првите куќи во населбата Кадидаре.

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, вчера на вонредна прес-конференција изјави дека огнот се ширел на непристапен терен, а граѓаните од повисоките зони можеле да ги видат огнените јазици над градот.

– Екипите на ТППЕ заедно со членовите на Доброволното противпожарно друштво веднаш излегоа на терен со целокупната логистика и ресурси за локализација на пожарот, кој поради непристапноста се ширеше – истакна Јорданов.

Тој нагласи дека нема простор за паника, бидејќи сите институции биле мобилизирани, додавајќи дека нема повредени лица и не биле загрозени станбени објекти.

ИЗДВОЕНИ