Пожарникарите кои учествувале во извлекувањето на работниците од градилиштето каде четворица работници во ископ за нова зграда беа затрупани со земја, за весникот ВЕЧЕР откриваат како течела спасувачката акција.
-Беше траорна глетка. Целата акција траеше четириесетина минути, а во неа беа вклучени седум пожарникари. За да ги извлечеме од под земја користевме рачни алати. Кога ги извадивме тројцата беа контактибилни, но вознемирени и исплашени, додека четвртиот беше мртов. Повредените беа пренесени на Ургентен центар, раскажа за весникот ВЕЧЕР командантот на Градската противпожарна бригада Ѕвонко Томевски.
Еден работник загинат на лице место, тројца со тешки повреди












