Голем пожар го зафати познатиот париски хотел „Бристол“.
Околу сто пожарникари учествуваа во гаснењето на пожарот, две лица беа повредени, додека четиристотини гости мораа итно да бидат евакуирани.
Меѓу евакуираните беа и американските актери и продуценти Сара Мишел Гелар и Илајџа Вуд, кои се во Париз за промотивен настан.
Пожарот избувнал во кујната на ресторанот на приземјето од хотелот. Целата улица каде што се наоѓа хотелот, недалеку од Елисејската палата, била исполнета со противпожарни возила. Полицијата ги обезбедувала околните улици.
Пожарот, кој избувнал кратко пред пладне, бил изгаснат попладне.












