Спасувачките екипи во Индонезија денеска започнаа потрага по 36 работници по пожарот во фабрика во западниот дел на островот Јава, во кој загинаа три лица, а четворица се повредени.
Пожарот избувна синоќа во фабрика за слатки во Чиканде, во округот Серанг; властите сè уште не ја соопштиле причината, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Пожарникарите ги гаснат преостанатите жаришта.
Петнаесет лица го преживеаја пожарот, а четворица се пренесени во болница.
Спасувачите претпоставуваат дека во оштетените делови од објектот може да има уште жртви, пренесува „Бета“.












