недела, ноември 22, 2026
Дома СВЕТ Утре ќе нема летови до и од Белгија: Контролорите на летање ќе...

Утре ќе нема летови до и од Белгија: Контролорите на летање ќе се приклучат на националниот штрајк против владата

1
EPA/OLIVIER HOSLET

Сите летови на белгиските аеродроми за утре се откажани поради национален генерален протест против политиките на федералната влада.

Протестот ќе предизвика нарушувања и во јавниот превоз, при што дел од автобусите и трамваите нема да сообраќаат. Белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај „Скајс“ соопшти дека нема да може да обезбеди нормално управување со воздушниот сообраќај бидејќи дел од контролорите на летање ќе учествуваат во протестот. Поради тоа, воздушниот сообраќај ќе биде прекинат од 7 до 21 часот.

Од службата информираат дека ќе бидат обезбедени минималните услуги неопходни за итни случаи и други летови од критично безбедносно значење, а безбедноста на воздушниот сообраќај останува апсолутен приоритет.

Прекини се очекуваат и во јавниот превоз. Четири од десет автобуси и трамваи на белгискиот транспортен оператор „Де Лијн“ ќе останат во депоата.

 

ИЗДВОЕНИ