Еден индиски морнар загина, а четворица беа повредени кога дрвен брод се запали и потона во близина на Ормускиот теснец, соопшти денес индискиот конзулат во Дубаи.
Според индискиот конзулат во Дубаи, бродот превезувал вкупно 18 индиски членови на екипажот, објавува „„Галф њуз“.
„На бродот избувна пожар, еден член на екипажот загина. Четворица беа повредени и сите беа спасени благодарение на брод што дојде откако избувна пожарот“, соопшти индискиот конзулат во соопштение на социјалната мрежа „Икс“.
Конзулатот потврди дека службениците разговарале со спасените морнари и дека повредените добиваат медицинска помош, пренесува „Танјуг“.












