Пожарникарите сè уште се борат со пожар на Корчула, хрватски остров во Јадранското Море, кој избувна во саботата попладне помеѓу Смоквица и Блато, објави ХРТ. На терен се повеќе од 180 пожарникари, а се проценува дека противпожарната линија е долга повеќе од четири километри.
Државниот пат Вела Лука – Корчула е отворен за сообраќај, но поради пожарот, на возачите им се препорачува да го користат само во итни случаи.
Се проценува дека пожарот на Корчула досега изгорел околу 550 хектари трева, ниска вегетација, борови шуми и лозја.
Korčula večeras, baš gadno. pic.twitter.com/FzoHDsJZbG
— Svemir (@SvemirTorac) July 11, 2026












