понеделник, јуни 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Повторно пожар на депонијата „Краста“ во Кумановско

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во Кумановско

28

Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово со механизација се обидуваат да го изгасат пожарот на депонијата „Краста“ што избувна завчера, соопштија од претпријатието.

– Пожарот избувна во доцните попладневни часови. Екипите веднаш реагираа и денеска се на локацијата. Имаме два булдожери што затрупуваат со земја, се надеваме дека наскоро целосно ќе го изгасиме пожарот – изјави директорот на претпријатието, Сашо Томиќ.

Депонијата „Краста“, сместена на локалниот пат Куманово – Пчиња, сè уште е нестандардна депонија. Таа треба да стане претоварна станица што ќе има капацитет за 10.000 тони отпад, со зони за сортирање на разни типови отпад, рециклиран, габаритен, за компостирање. Отпадот ќе биде компактиран со стационарни преси компактори, ќе има товарни рампи и вага за возила и ќе работат најмалку десетмина работници во една смена.

Депонијата „Краста“ функционира од 1958 година и зафаќа површина од 12,5 хектари. Тука се складира сметот на градот со над 100.000 жители. Дневно на депонијата се изнесуваат од 100 до 120 тони смет.

 

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ