Состојбата на Лука Дончиќ, кој е надвор од терените од 2 април, е многу посериозна отколку што првично се мислеше. Словенечкиот кошаркар не одигра ниту еден натпревар во НБА од тој ден, а новите информации укажуваат за подолго закрепнување. Во негово отсуство, Лос Анџелес лејкерс беше поразен од Оклахома со вкупен резултат од 4:0 во полуфиналето на Западната конференција.
Многумина веруваат дека со Дончиќ на теренот, исходот ќе бил поинаков. Во регуларната сезона, тој просечно постигнуваше по 33,5 поени на натпревар, што беше најдобар во НБА, а имаше и 8,3 асистенции на натпревар, со 7,7 скока.
Дончиќ ја повреди задната ложа на натпреварот против Оклахома во регуларниот дел од сезоната. Првичните процени од САД укажуваа на повреда од втор степен и сугерираа релативно брзо враќање на теренот. Сепак, тоа се покажа како неточно.
Според новинарот Сем Амик од „Атлетик“, магнетната резонанција направена во Шпанија открила многу поголемо оштетување на ткивото.
- Повредата е многу посериозна отколку што првично се мислеше – напиша Амик.











