Граѓаните кои плаќаат казни изречени преку системот „Безбеден град“ повеќе нема да имаат обврска да ги доставуваат потврдите за уплата во полициска станица, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од таму појаснуваат дека нивниот систем е автоматски поврзан со системот на Министерството за финансии, што овозможува евиденција на платените санкции без дополнителна административна процедура.
Сепак, при уплатата, граѓаните мора строго да се придржуваат до упатствата наведени во записникот. Тоа значи дека е неопходно точно да се внесе единствениот број од записникот во полињата „повикување на број“ и „цел на дознака“ во уплатницата.
„Апелираме до граѓаните да не ги носат потврдите од платените санкции во полициска станица, со цел да заштедат време и да се избегнат непотребни гужви“, велат од МВР.












