понеделник, јуни 8, 2026
Дома СВЕТ Трамп му дава на Иран уште пет дена за прекин на огнот,...

Трамп му дава на Иран уште пет дена за прекин на огнот, американската војска останува во готовност

132
EPA/JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да му даде на Иран дополнителни три до пет дена за прекин на огнот, објави денес „Ројтерс“, повикувајќи се на извор запознаен со ова прашање.

Според изворите, Трамп не прецизирал временска рамка за продолжување на прекинот на огнот.

Во исто време, изворот на Ројтерс, исто така, изјавил дека „прекинот на огнот нема да биде неограничен“.

Нова рунда разговори меѓу САД и Иран би можела да се одржи во Пакистан веќе во петок, објави претходно Њујорк пост, повикувајќи се на американскиот претседател Доналд Трамп и неименувани пакистански извори.

Според извор во Пакистан, кој ги продолжува своите напори за дипломатско посредништво, има позитивни сигнали во контактите со Иран, што отвора можност за нови мировни преговори во рок од 36 до 72 часа.

ИЗДВОЕНИ