Силен циклон со центар над Џенова носи голема промена на времето, обилни врнежи, силно невреме и поплави на Балканот од денес четврток (8 октомври) па се до недела (11 октомври), најави Славчо Попоски.
Обилни врнежи и силно невреме особено се очекуваат долж Јадранското приморје , југозападот на Босна и на Херцеговина, Црна Гора и Албанија каде локално во овие предели ќе наврнат од 90 до 150 литри дожд на метар квадратен, а локално ќе наврнат дури над 250 литри дожд на метар квадратен. Сето ова голема е веројатноста да предизвика поројни поплави.
Исто така сето ова ќе биде проследено и со силни грмежи и електрични празнења, силен ветер а на Јадранот има можност и за развој и формирање на пијавици или торнадо. Температурите ширум регионот викендов ќе опаднат, прогнозира метеорологот.












