вторник, октомври 13, 2026
Дома СКОПСКА Поставени околу двесте нови контејнери во градот

Поставени околу двесте нови контејнери во градот

19

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ почна со поставувањето на новонабавените садови наменети за фрлање комунален отпад. Досега е извршена замена на приближно двесте контејнери, додека активностите за поставување на новите садови ќе продолжат и во текот на неделава.

Воедно, во текот на изминатата недела, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ отстраниле 880 кубни метри непрописно фрлен кабаст и градежен отпад од јавни и од сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно фрлен отпад бил подигнат во Општината Центар, каде што биле расчистени вкупно 205 кубни метри отпад од диви депонии.

Во тој период биле подигнати и транспортирани 3.300 тони комунален отпад од домаќинствата и од правните субјекти на територијата на градот Скопје.

 

 

ИЗДВОЕНИ