вторник, октомври 13, 2026
Дома БАЛКАН Руте: Разговарав со Радев по новите напади во Црното Море, НАТО ја...

Руте: Разговарав со Радев по новите напади во Црното Море, НАТО ја следи ситуацијата

24

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата ќе продолжи тесно да соработува со своите сојузници во регионот на Црното Море по најновите напади во таа област, додавајќи дека за ова прашање разговарал со бугарскиот премиер Румен Радев.

„Веќе го зајакнавме нашето присуство долж источното крило на Алијансата и ќе продолжиме да ја следиме безбедносната ситуација, прилагодувајќи ги мерките за одвраќање и одбрана онаму каде што е потребно“, напиша Руте на платформата „Икс“ (X).

Петмина морнари беа спасени по нападот врз брод во близина на бугарскиот брег, додека 11 се водат како исчезнати. Бугарските власти свикаа итен состанок на Советот за безбедност поради новите напади со беспилотни летала врз пловни објекти во Црното Море.

Петмина морнари беа спасени претходно денеска по нападот врз брод во близина на бугарскиот брег, додека 11 лица се водат како исчезнати. Бугарските власти свикаа итен состанок на Советот за безбедност поради новите напади со беспилотни летала врз пловни објекти во Црното Море.

ИЗДВОЕНИ