понеделник, јуни 15, 2026
Дома МАГАЗИН „Пост на сардини“: Докторка промовира радикален режим на исхрана за спречување на...

„Пост на сардини“: Докторка промовира радикален режим на исхрана за спречување на седи влакна и ресетирање на метаболизмот, но не е без ризици

201
Foto: Pexels

Една теорија што привлече посебно внимание е тврдењето на докторка дека таа препорачува радикална диета за која вели дека може да го забави појавувањето на седа коса, а вклучува јадење само една храна во текот на три цели дена.
Седата коса често се смета за неизбежен знак на стареење, но новите научни истражувања и стручните мислења сугерираат дека исхраната може да има значително влијание врз изгледот на седата коса.

Анет Босворт, гостинка во подкастот „Дневникот на еден извршен директор“, храбро тврдеше дека јадењето само конзервирани сардини во текот на три дена може да помогне во спречувањето на седата коса.

– Видов пациенти чија седа коса се повлече, а во исто време им се подобрија перформансите на мозокот, концентрацијата и енергијата – ијавила таа, како што објави „Мирор“.

Според неа, оваа диета промовира кетоза, состојба во која телото ги користи мастите како примарен извор на гориво наместо јаглехидратите, што носи бројни придобивки за телото.

Но, дали конзервата риба навистина може да влијае на бојата на косата? Дерматологот Џен Лиу изјави за Women.com дека храната како лососот и сардините го поттикнуваат растот на здрава коса и потенцијално го одложуваат почетокот на седата коса.

Таа истакнува дека сардините се богати со омега-3 масни киселини и селен, додека остригите нудат високо ниво на цинк, за што таа вели дека е корисно за здравјето на косата и скалпот.

Што вели истражувањето?
Научните студии, исто така, сугерираат дека исхраната може да влијае на пигментацијата на косата. Според Healthline, истражувањата откриле дека недостатоците на витамин Б12, витамин Д и железо, хранливи материи што се наоѓаат во масната риба, се поврзани со предвремено белеење на косата. Сардините, исто така, обезбедуваат омега-3 масни киселини, за кои многу нутриционисти сугерираат дека помагаат во одржувањето на здрави фоликули на косата со намалување на воспалението и зајакнување на скалпот.

Самата диета, позната како „пост на сардини“, не е баш нова. Првпат ја воведе Фредерик Хатфилд во 2012 година. Денес, д-р Босворт ја промовира, тврдејќи дека овој режим на риба го ресетира метаболизмот.

Предупредувања од експерти и вистински причини
И покрај потенцијалните придобивки, д-р Лиу нагласува дека генетиката останува примарен фактор за појавата на седа коса. Како што старееме, активноста на меланоцитните матични клетки, кои произведуваат пигмент, природно се намалува, што значи дека самата диета не може целосно да го запре овој процес. Сепак, стратешкиот избор на храна може да помогне во одложувањето на предвременото белеење, особено ако се корегираат постојните нутритивни недостатоци.

Од друга страна, експертите од Men’s Health предупредуваат на ризиците од таква рестриктивна диета. Сардините не содржат влакна, сложени јаглехидрати и некои клучни витамини, па затоа може да предизвикаат проблеми со варењето, намалено ниво на енергија и нарушена когнитивна функција.

Иако сардините се полни со хранливи материи корисни за косата и можат да бидат „вкусен“ начин за зајакнување на фоликулите, потпирањето само на нив не е долгорочно решение. Целната исхрана може да помогне во одложувањето на седата коса, но избалансираниот пристап останува основа на целокупното здравје, вклучително и здравјето на косата.

ИЗДВОЕНИ