Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, претходно истакна дека со реализацијата на овој капитален проект, Кавадарци добива современ, уреден и сертифициран простор, наменет за локалните земјоделци, органските производители и малите семејни бизниси, каде што директно ќе ги пласираат своите производи, без посредници, по фер цени и со поголема доверба кај потрошувачите
Органски вино, јаткасти плодови и мед ќе се продаваат меѓу другото на биопазарот во Кавадарци, информираат од Општина Кавадарци. Освен тоа, на биопазарот ќе може да се купат и традиционален маџун, млечни и живинарски производи, преработки од овошје и зеленчук.
Инаку, Општина Кавадарци на 29 октомври објави јавен повик за доделување 15 продажни места на биопазарот во градот. Била формирана комисија за распределба на просторот за биопазарот, составена од претседател и двајца членови со право на глас, со учество на двајца надворешни стручни учесници без право на глас. Комисијата ги разгледала пристигнатите пријави и документација, проверена била исполнетоста на условите, а се извршило оценување според критериумите: органски статус – до 30 бода, традиционален метод на производство – до 20 бода, потекло – до 20 бода, разновидност на понудата – до 20 бода, како и еколошка амбалажа – до 10 бода.
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, претходно истакна дека со реализацијата на овој капитален проект, Кавадарци добива современ, уреден и сертифициран простор, наменет за локалните земјоделци, органските производители и малите семејни бизниси, каде што директно ќе ги пласираат своите производи, без посредници, по фер цени и со поголема доверба кај потрошувачите.
– Инвестираме во здравјето на граѓаните, поддршката на домашните производители и развојот на одржлива локална економија – соопшти Јанчев.












