
Само пред неколку години беше познат како еден од најбараните млади фудбалери во светот, а Манчестер јунајтед плати 85 милиони евра за неговото обештетување.
На „Олд Трафорд“ се надеваа дека ангажирале нова голема ѕвезда, но не успеаја, а денес Џејдон Санчо ја одржува својата форма тренирајќи на теренот на клуб од десеттото ниво на англискиот фудбал.
Поранешниот англиски репрезентативец моментално е без клуб откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед ова лето.
Санчо тренираше на терените на Фликтон ФК, клуб кој се натпреварува во десеттото ниво на англиската лига, но не планира да стане нивен играч.
Фликстон мораше конкретно да реагира и да објасни дека Санчо не е проба и дека нема преговори за неговото доаѓање. Едноставно, поранешниот фудбалер на Јунајтед ги користеше нивните терени за да ја одржи својата форма додека бара нов клуб.
Неговиот пат до најголемата сцена покажува колку брзо можат да се променат работите во фудбалот и колку лесно може да се падне во просечност.
Санчо ги направи своите први сериозни фудбалски чекори во Вотфорд, а потоа се пресели во младинскиот систем на Манчестер Сити. Откако не доби вистинска можност на „Итихад“, во 2017 година, како 17-годишник, се пресели во Борусија Дортмунд.
Таму експлодираше, за бундеслигашот одигра 136 натпревари, постигна 49 гола и регистрираше 63 асистенции. Токму овие бројки го убедија Манчестер јунајтед да издвои огромни 85 милиони евра за него.
Но, она што требаше да биде почеток на една голема приказна во Манчестер се претвори во сосема поинакво сценарио.
Санчо одигра 83 натпревари за Јунајтед и постигна само 12 гола, а по проблемите на „Олд Трафорд“, следуваа позајмици во Борусија Дортмунд, Челзи и Астон Вила.
Минатата сезона беше во Астон Вила, каде што настапи 39 пати, постигна еден гол и додаде три асистенции. И додека чека нова можност, фудбалерот, кој некогаш вредеше 85 милиони, евра тренира на теренот на тим од најниската лига.











