понеделник, август 10, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Поради непочитување на минималната плата, економијата во загуба од 64 милијарди евра

Поради непочитување на минималната плата, економијата во загуба од 64 милијарди евра

4

Непочитувањето на правилата за минимална плата во Германија предизвикало економски загуби проценети на 64 милијарди евра (74 милијарди долари) откако во 2015 година беше воведена законската минимална плата, соопшти Конфедерацијата на германските синдикати (ДГБ).

Според анализата на ДГБ, до која дојде германската новинска агенција ДПА, во просек околу два милиони работници годишно биле недоволно платени од 2015 година наваму. Тие добивале меѓу 1,70 и 2,40 евра помал износ од работен час од законски утврдениот минимум.

Вкупните загуби се распределени на следниов начин: работниците на кои не им била исплатена целосната минимална плата загубиле 35 милијарди евра, фондовите за социјално осигурување останале без 22 милијарди евра придонеси, додека државата загубила седум милијарди евра приходи од данокот на доход.

– Дел од недостигот во финансирањето се должи на криминалното однесување на работодавците што не ги исполнуваат своите законски обврски – посочуваат од ДГБ.

Анализата се темели на податоците за приходите и за работното време на вработените од долгогодишното германско истражување „Социоекономски панел“.

Законската минимална плата во Германија во моментов изнесува 13,90 евра од час, со ограничен број исклучоци, меѓу кои се и практикантите.

ИЗДВОЕНИ