четврток, октомври 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Поголемо учество на младите во локалната заедница

Поголемо учество на младите во локалната заедница

1

Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) потпиша меморандум за соработка со Министерството за демографија и млади и со Националниот младински совет на Македонија за повеќе можности, посилна поддршка и за поголемо учество на младите во општините.

Меморандумот предвидува зајакнување на соработката меѓу локалните самоуправи и младите, меѓу другото и преку мрежата на општински службеници за млади, која ќе придонесе за подобро препознавање и реализација на младинските иницијативи и предлози.

– Младите треба да бидат активни партнери во креирањето на локалните политики. Наша обврска е да создадеме услови нивните идеи да бидат слушнати, поддржани и преточени во конкретни резултати – беше истакнато на потпишувањето.

Како позитивен пример беа посочени активностите во Скопје, каде што се преземаат чекори за формирање младински хаб и локален младински совет, како и создавање дополнителни простори за младински активности и иницијативи.

Со оваа соработка се очекува дополнително зајакнување на улогата на младите во локалните заедници и создавање услови за нивно активно учество, развој и реализација на потенцијалот во Македонија.

– Давам целосна поддршка за оваа мрежа. Ќе го ставиме нашето искуство во служба на подобра соработка меѓу општините, размена на добри практики и конкретни резултати за младите – изјави претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

 

ИЗДВОЕНИ