четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Подобрување на пристапот до чиста вода и отпорноста на климатските промени

Подобрување на пристапот до чиста вода и отпорноста на климатските промени

71

Македонски Каритас, официјално, го започна проектот „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“, кој се реализира со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Република Словенија и Словенечки Каритас.

Во рамките на проектот ќе се реализираат активности насочени кон зајакнување на техничките и институционалните капацитети на општинскиот персонал за управување со вода и санитација преку обуки, конференција за размена на знаења и добри практики од Словенија, развој на планови за намалување на ризикот од катастрофи, меѓуопштински повик за заеднички проекти, како и набавка на алатки и машини за одржување на водоводни канали и студиска посета на Словенија.

Проектот предвидува и надградба на канализациските системи и рехабилитација на водотеци со користење на природни и климатски отпорни решенија, вклучително и проектирање и изградба на одржлив канализациски систем во Радово.

Проектот Македонски Каритас ќе го реализира во соработка со општините Богданци, Босилово, Валандово, Гевгелија, Дојран, Ново Село и Струмица, како резултат на што е потпишан и Меморандум за соработка меѓу Македонски Каритас и наведените општини, додека со останатите општини се очекува да биде потпишан во наредните денови.

Од Македонски Каритас велат дека преку овој проект ќе се придонесе за зајакнување на соработката меѓу локалните институции и заедниците, како и за поттикнување одржлив развој и подобар квалитет на живот во регионот.

 

ИЗДВОЕНИ