четврток, февруари 5, 2026
Дома СКОПСКА Подигнати 60 кубни метри отпад од депонии во неколку скопски општини

Подигнати 60 кубни метри отпад од депонии во неколку скопски општини

94

Екипите на ЈП Комунална Хигиена изминатиот викенд подигнале и транспортирале приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во општините: Ѓорче Петров, Карпош и Чаир.

Од претпријатието, воедно информираат дека започнале и со отстранување на големна дивна депонија лоцирана на улицата „Лука Геров“, во општината Ѓорче Петров.

-Депонијата е составена од  мешан комунален, кабаст и градежен отпад, а екипите на претпријатието и во текот на денешниот ден ќе ги продолжат активностите за целосно расчистување на непрописно одложениот отпад – соопштија од ЈП Комунална Хигиена.

Оттаму додаваат дека во општината Карпош биле подигнати околу седум кубни метри градежен отпад одложен на јавна површина на улицата „Прашка“, а интервенирано е и во општина Чаир, каде што биле отстранети повеќе диви депонии лоцирани на улиците: „Вуковарска“ и „Џон Кенеди“, во непосредна близина на детската градинка „Снежана“ и ООУ „Васил Главинов“ .

ИЗДВОЕНИ