Од денеска, официјално започнаа со работа комуналните редари на територијата на Општина Бутел.
– Униформирани и опремени со службено возило, комуналните редари секојдневно ќе бидат присутни на терен, во сите населени места. Нивната задача ќе биде да се грижат за комуналниот ред, јавната чистота, заштитата на јавните површини и општинскиот имот, како и спречувањето на вандализмот и несовесното однесување – соопштија од Општина Бутел.
Инаку, граѓаните ќе имаат на располагање и посебен телефонски број 076 202-793, на кој ќе можат директно да пријавуваат комунални проблеми и неправилности.
– Нашата цел е јасна: ред во секое населено место, заштита на она што е заедничко и брза реакција на терен. Бутел е наш заеднички дом. Заедно ќе го чуваме – нагласуваат од локалната самоуправа.












