среда, октомври 14, 2026
Дома СКОПСКА Почна реконструкцијата на улици во Илинден и во Мршевци

Почна реконструкцијата на улици во Илинден и во Мршевци

1

Општина Илинден почна со градежни активности за реконструкција на две улици во населените места Илинден и Мршевци.

– Со предвидените активности е опфатена улицата „4“ во населеното место Мршевци, во должина од околу 200 метри, како и крак на улицата „8“ во населеното место Илинден, во должина од околу 130 метри, при што на улицата „8“ претходно е изведена фекална канализациска мрежа, со што се создадени услови за целосно уредување на патната инфраструктура на оваа локација – објаснуваат од Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ја истакна важноста на овие инфраструктурни зафати за локалното население. Тој посочи дека реконструкцијата на улиците ќе овозможи поквалитетно и побезбедно одвивање на сообраќајот, подобра пристапност и унапредување на секојдневните услови за живот на жителите.

– Општина Илинден му останува посветена на континуираното модернизирање на локалната инфраструктура, согласно со утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што и во наредниот период ќе продолжат инвестициите за реконструкција и санација на локалните улици и патишта, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места – наведуваат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ